Уругваецот е во
центарот на вниманието откако денеска се врати во Мерсисајд, каде помина три
ипол години и во дресот на „црвените“ се промовираше во еден од најдобрите голгетери.
Напаѓачот се појави
на пресот покрај Ернесто Валверде и говореше за тоа каков пречек очекува,
порача дека има голема почит кон фановите и затоа нема да слави ако постигне
гол.
Луис Суарез доцна
вечерва се огласи на социјалните мрежи каде објави слика од теренот на Енфилд и
испрати порака до навивачите на Ливерпул но и оние на Барселона.
„Секогаш е убаво да се вратам на местото каде добив огромна љубов. Место на кое
секогаш ќе му бидам благодарен. Подготвен да ги исполнам моите задачи и да ги
остварам моите соништа“ – напиша напаѓачот.
It’s always nice to return to the place where you received so much love. A place which I’ll always be so thankful too! Ready to do my job and achieve my dreams !!!! #COMEBACK #ANFIELD #THEKOP #YNWA pic.twitter.com/fxfc7Ji7yk
— Luis Suarez (@LuisSuarez9) May 6, 2019