По хаосот кој им
се случи во Русија, кога селекторот Хулен Лопетеги доби отказ на ден пред Светското првенство, „Црвената фурија“ создава нова структура која ќе треба
да ја врати репрезентацијата на врвот.
Фернандо Јеро,
кој привремено седна на кормилото на Шпанија на мундијалот, одби да продолжи да
биде спортски директор, па на негово место денеска беше назначен Хосе Франсиско
Молина, поранешен голман на неколку клубови како Валенсија, Виљареал, Атлетико
Мадрид и Депортиво.
Се најавува дека
наскоро ќе биде соопштено и името нановиот селектор, неколку извори пишуваат
дека тоа ќе биде Луис Енрике.
Стратегот ги
исполнува сите услови кои ги бара Фудбалскта федерација на Шпанија: нема
договор на сила, има искуство од работа на највиско ниво и покажа дека може да
се справи со соблекувална полна со ѕвезди како онаа на Барселона.
Проблем сепак
може да преставува платата. Според пишувањата на АС, на Луис Енрике му се нуди
годишна плата од 1 милион евра за да ја предводи Шпанија.
Стратегот пред
неколку месеци се поврзуваше со кормилото на Арсенал и Челси, и тогаш се
шпекулираше дека тој од гигантите од Лондон бара плата од околу 17 милиони
евра.
АС исто така
додава дека Луис Енрике сега на маса има уште еден предлог од „Островото“ за
плата од 6 милиони евра по сезона. Па тој ќе мора да направи големо финансиско
жртвување со оглед на тоа дека „Црвената фурија“ е спремна да го покачи
предлогот до само 1.5 милиони евра.
Доколку двете
страни не се договорат, планот Б на Луис Рубиалес се вика Роберто Мартинез. Но
првиот човек на федерацијата не сака самиот тој сега да креира нов случај
„Хулен Лопетеги“ и доколку тргне по селекторт на Белгија, ќе почека „Црвените
ѓаволи“ да го завршат настапот на Светското првенство.