Луд гол на Сан Сиро, Пулишиќ погоди директно од корнер (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Пулишиќ

Милан поведе со 1-0 против Клуб Бриж со луд гол на Кристијан Пулишиќ, фудбалерот од САД погоди директно од корнер.

„Росонерите“ ја бркаат првата победа во Лигата на шампиони оваа сезона, и избраниците на Пауло Фонсека поведоа против Клуб Бриж со луд гол.

Кристијан Пулишиќ погоди директно од корнер, фудбалерот од САД се обиде да нафрли на првата статива, но откако двајца негови соиграчи ја промашија топката, ги збунија гостинските фудбалери на чело со Мињоле и топкта заврши во мрежата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани