Светскиот првак
Франција се подготвува за двата претстојни натпревари кои ги има на календарот
за овој месец, прв на програмата е дуелот против Холандија на гостински терен
во петок, во рамките на Лигата на нации, а четири дена подоцна и контролката со
Уругвај пред своја публика.
Сепак, селекторот
на Триколорите, Дидје Дешам се соочува со големи проблеми во склопувањето на
составот за двата претстојни натпревари, особено по тоа што се случи денеска.
Најпрво се
повредија Ентони Марсијал и Пол Погба, само еден час откако се приклучија на
репрезентацијата, а потоа следеа уште две, доста неочекувани повреди.
Погба и Марсијал
беа заменети со Муса Сисоко и Александре Лаказет, но, и тие поради повреда се
повлекоа.
Од тоа што засега
е познато, Менди ќе биде заменет со Ферланд Менди кој доби доцен повик, а
Аласан Плеа ќе го замени Лаказет.
Франција со седум
бода е прва во групата „1“ од Лига „А“ во Лигата на нации, со четири повеќе во
однос на Холандија (меч помалку), односно шест бода разлика во однос на
последно пласираната селекција од оваа група, Германија.
class="twitter-tweet" data-lang="en">