Светскиот
вицепрвак Хрватска синоќа на преполниот Максимир славеше победа од 3-2 над
Шпанија во Лигата на нации, домаќините мечот го добија со гол во 93. минута, а
дефанзивецот на Коцкестите, Дејан Ловрен упати критики на адреса на Шпанците.
„Беа некултурни
на теренот, не покажаа фер плеј, тоа им се врати. Ние таму загубивме 6-0, но бевме
фер. Морам да го пофалам Мората, тој единствено ни честиташе, ова никаде не сум
го доживеал, драго ми е што мислеа дека се подобри од нас, а ние го докажавме
спротивното“ рече фудбалерот на Ливерпул по пресметката во Загреб.
Ловрен повика
фудбалерите да добијат нова, помодерна фудбалска арена со многу подобри услови
за игра од тие кои ги нуди Максимир, упати јасна порака на оваа тема.
„Ми се вратија
убави спомени, некои навистина убави од овој стадион, но, време е да ни се
изгради поубав. Доколку не се стори тоа, нека земат лопати во раце и нека
ископаат нешто друго“ заклучи Ловрен.