Поранешниот фудбалер на Арсенал, Никлас Бендтнер имаше многу лоши збори за гостувањата кај Бодо/Глимт и хитот во Лигата на шампиони.
Малиот клуб од северот на Норвешка е хит во Лигата на шампиони откако со победи над Манчестер Сити и Арсенал се избори за бараж, а таму, во два наврати го совлада Интер и се пласираше во осминафинале.
Во пресрет на денешниот дуел против Спортинг, свое мислење даде Никлас Бендтнер, кој од прва рака знае што значи да се игра на гости кај Бодо/Глимт.
„Ладно, досадно, сиво… или поточно се е црно“ – вели популарниот Лорд.
„Соблекувалната е смешна, и таму доаѓаат големи играчи кои заработуваат помеѓу 250.000 и 700.000 евра неделно и само се гледаат“.
„Седнуваш, го погледнуваш соиграчот и му викаш, „Се надевам дека денес си расположен, зошто јас не сум“. Да бидам искрен, и јас се имам најдено во ваква ситуација“.
ФОТО: X/FK Bodø/Glimt