Реал Мадрид е
непрепознатлив, тимот на Хулен Лопетеги не личи на себе по катастрофалните
изданија изминатиов период, Кралевите цели пет меча не знаат за победа во сите
конкуренции, а утревечер (вторник) на домашен терен го пречекуваат тимот на
Викторија Плзењ.
Дуелот против
аутсајдерот ќе биде шанса за поправен по неочекуваниот минимален пораз кај ЦСКА
Москва во претходното коло, но, и шанса да се тргне од некаде, евентуален кикс,
извесно е дека ќе му донесе отказ на Хулен Лопетеги, а тој тврди дека тимот е
жив.
„Тимот е жив, ние
со голема возбуда го очекуваме утрешниот меч“ вели Лопетеги.
„Ова е силен
состав, исполнет со многу шампиони и големи победници, историјата на овој клуб
му налага да се бори во тешки битки, тоа ќе го направиме сите заедно, како
фудбалерите, така и стручниот штаб, знаеме дека мораме да се подобриме“ додава
тој а притоа беше запрашан за најавите за негов отказ на клупата.
„Не обрнувам
внимание на тоа што новинарите го пишуваат, мојата работа е да го подготвам
тимот за наредниот натпревар, тоа е мојата работа, фокусирани сме на тоа што не
очекува, во целост сме мотивирани за да докажеме дека имаме капацитет за големи
резултати и дека претходните резултати не се реална слика за нашиот квалитет“
заклучи шефот на стручниот штаб на Кралевите.