Ливерпул сериозно
размислува да тргне по офанзивецот на Барселона, Осман Дембеле, а тоа наводно
Премиерлигашот ќе го стори уште во јануарскиот преоден рок.
The Express пишува
дека Французинот е на радарот на тимот од Енфилд, а англискиот тим би можел да
ја искористи ситуацијата во која се наоѓа талентираниот фудбалер откако не
добива адекватна минутажа за докажување на Камп Ноу.
Во каталонскиот
гигант наводно се загрижени за однесувањето на Дембеле, особено за доцнењето на
тренинг сесиите, а воедно и на подготовките пред самите натпревари.
21 годишниот
Дембеле стартуваше само на десет меча во новата сезона, постигна шест погодоци,
но, постои дилема дека шефот на стручниот штаб на Каталонците, Ернесто Валверто
не му дава висока оценка на својот фудбалер.
RAC1 претходно
тврдеше дека Дембеле би можел да биде продаден идната година, а Јирген Клоп
запрашан за тие шпекулации оваа година го даде следниот коментар: „Тој е на трансфер листа? Сега сум
заинтересиран“.