Според
информациите кои пристигнуваат се вели
дека Ливерпул веќе стапил во контакт со Барселона околу достапноста на Осман
Дембеле на трансфер пазарот, а наводно Каталонците веќе ја одредиле цената за
22 годишниот офанзивец.
Французинот две
сезони играше топло-ладно во тимот од „Камп Ноу“, мака мачеше со повредите а се
верува дека постои зголемена фрустрација околу неговите континуирани проблеми
со повредите.
„ТимТалк“ тврди
дека Каталонците веќе ја одредиле цената за Дембеле, а таа изнесува 105 милиони
евра, или попрецизно, тоа е сумата која Барселона ја издвои за неговиот
трансфер од Борусија Дортмунд пред две години.
Дембеле
реализираше 14 погодоци ова сезона, но, само на 20 меча беше стартер во
Примера, а можно е токму преку него Каталонците полека но сигурно да ја полнат
клупската каса во походот кон Нејмар, од друга страна пак, неофицијално,
Дембеле нема ништо против за преселба во редовите на европскиот шампион.