Ливерпул нема да го спасува Дембеле од неговиот „кошмар “ во Барселона, пишуваат на Островот

by
2 минути читање

Нема дилеми во
тоа дека шефот на стручниот штаб на Барселона, Ернесто Валверде го загуби
трпението со недисциплираниот Французин кој освен што доцнеше на тренинзите на
клубот, задоцни дури и на собирот за мечот со Интер во Лигата на шампионите, со
што ги премина границите на трпението во клубот.

Валверде се реши
да му воведе „воспитна“ на Дембеле со тоа што го изостави од дуелот со Бетис на
Камп Ноу кој Каталонците го загубија со 3-4 во редовното коло од Примера, со
што јасно се стави дознаење дека Французинот е веќе во проблеми.

Неколку шпански
медиуми наведоа дека Барселона сака да ги скрати трошоците на Дембеле, а како
опција за него го наведоа Ливерпул, но, дел од медиумите на Островот наведуваат
дека, доколку Французинот си замине од Камп Ноу во јануари, тоа нема да се
случи поради Ливерпул.

Само доколку
Ливерпул добие „удар“ со повреди во тимот, Клоп засега нема никакви планови да
го додаде Дембеле на листата на желби за зимскиот трансфер период. Едно е
сигурно, доколку офанзивецот си замине од Барселона во јануари, тоа нема да се
случи поради Ливерпул
пишува
Standard во веста каде наведе зошто
Ливерпул нема да го спаси Осман Дембеле од неговиот кошмар во Барселона
’.

Желбата на
Ливерпул да дојде до посакуваната „десетка“ во своите редови се уште постои,
но, Дембеле во моментов не се разгледува како опција како кандидат за таа улога
во Премиерлигашот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани