Ливерпул не простува предавства: Арнолд жестоко исвиркан на кам-бекот на „Енфилд“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Трент Александар Арнолд доживеа непријатен пречек при враќањето во Англија со дресот на Реал Мадрид. Поранешниот заменик капитен на Ливерпул настапи на „Енфилд“ во дербито од Лигата на шампионите што Ливерпул го доби со 1:0, но уште пред почетокот на натпреварот го почувствува гневот на домашната публика.

Кога спикерот го прочита неговото име, трибините реагираа со силни свирежи. Навивачите очигледно не му го простуваат тоа што минатото лето, како слободен играч, реши да го напушти Ливерпул и да премине во Реал Мадрид. Потоа ситуацијата кулминираше кога полните трибини жестоко го исвиркаа при влегувањето во игра.

Арнолд е роден во Ливерпул и уште од шестгодишна возраст беше дел од академијата на клубот, каде ги направи своите први фудбалски чекори. Со текот на годините стана еден од лидерите на тимот, па неговото заминување остави горчлив вкус кај навивачите кои не ја заборавија таа одлука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×