Дејан Ловрен
котира високо на листата на желби кај италијанскиот прволигаш Милан, тоа е вест
која од пред извесен период е сосема позната на јавноста, а според информациите
кои ги објави „Тутоспорт“, Ливерпул веќе ја одредил цената за хрватскиот
дефанзивец.
Се верува дека
Премиерлигашот ќе бара за услугите на својот фудбалер околу 20 милиони евра,
онолку колку што Росонерите ќе треба да издвојат доколку се сериозни во
намерата да стигнат до потписот на Ловрен кој има важечки договор со Ливерпул
до 2021. година.
Очекувањата се
Ловрен да го напушти европскиот првак откако забележа само 13 настапи во
Премиерлигата и уште пет во куповите, неофицијалните информации велат дека
Премиерлигашот нема да го попречува во разделбата, меѓутоа истовремено и нема
да му го „подари“ на Милан.