Линделоф го „победи“ Ибрахимовиќ во конкуренцијата за фудбалер на годината на Шведска

by
2 минути читање

Дефанзивецот на
Манчестер јунајтед, Виктор Линделоф е крунисан за најдобар фудбалер на Шведска
за годината, „победувајќи“ го на некој начин неговиот поранешен соиграч Златан
Ибрахимовиќ во битката за престижната награда.

Линделоф доби
награда за своите перформанси на Светското првенство во Русија кое се одржа
изминатото лето на кое Шведска стигна до четвртфиналето, а тој по добивањето на
тоа признание истакна дека истото има големо значење за него.

Оваа награда има
големо значење за мене, горд сум и благодарен на ова, би сакал да им се
заблагодарам на сите мои соиграчи од клубот, како и од националниот тим, но,
исто и на моето семејство, кое секогаш беше со мене, и во добро, и во лошо

рече Линделоф.

Линделоф со тоа
стана само вториот фудбалер кој ја освоил таа награда во Шведска а да не е
Ибрахимовиќ изминатите години, кој ги добиваше тие признанија од 2007. па се
до 2016. година. Лани со тоа признание се
здоби капитенот на Шведска, Андреас Гранквист.

Сепак, и
Ибрахимовиќ доби признание, нему му беше врачена наградата за најдобар напаѓач
на годината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани