Вчера на
„каталонците“ им се случи дежа ву во најелитното европско натпреварување.
Откако победија со 3-0 на првиот меч против Ливерпул, синоќа загубија со 4-0 и
беа елиминирани. Слично беше и пред 12 месеци, кога дома Рома ја победија со 4-1
а потоа во Рим беа поразени со 3-0.
Па разочарувањето
во тимот беше огромно, особено кај првата ѕвезда Лео Меси, кој пред почетокот
на сезоната порача дека го сака трофејот од Лигата на шампионите.
За тоа како се
чувствуваше Аргентинецот доволно говори неговoтo лице, кога тој со наведната
глава ги одмина новинарите во микс зоната без да каже збор и го напушти Енфилд.
La cara de Leo Messi al pasar por la zona mixta de Anfield. @ellarguero pic.twitter.com/NVrz8DG8Zm
— Adrià Albets (@AdriaAlbets) May 7, 2019