Немаше погодоци на мечот меѓу нашите соседи, Левски и АЕК одиграа 0-0 во првиот плеј-оф натпревар за место во лигашкиот дел од Лигата на шампионите.
Нашиот репрезентативец, Никола Серафимов, го одигра целиот меч и беше еден од најдобрите на теренот во својот тим.
Натпреварот беше изедначен, имаа шанси и двата тима, но гол немаше. Тоа ќе мора да се случи во Атина кога некој ќе мора да победи.
Нерешено беше и на двата други дуели кои се играа денеска од плејофот за пласман во Лигата на шампионите.
Динамо Загреб одигра 2-2 против Викинг. Сите четири голови беа постигнати во првото полувреме.
Хрватскиот шампион имаше фуриозен старт на мечот, по десет минути игра веќе имаше водство од 2-0, но брзо следуваа два гола на Викинг за израмнување.
Лион со гол на Опенда во финишот од првиот дел поведе кај Фенербахче, израмни Гринвуд со гол веднаш на почетокот од вториот дел. Конечниот резултат беше 1-1.