Лестер: Отказот на Раниери се исплатеше

by
1 минути читање

Отказот на Раниери од кормилото на Лестер крена многу прав. Тренерот кој му ја донесе сензационалната титула на малиот англиски клуб беше отпуштен од работа откако на тимот му се закани испаѓање од лигата.

Кормилото го презема помошникот Шекспир кој врза победи против Ливерпул и Хал.

„Боли, не сакавме да се случи тоа. Но клубот ни е приоритет. Тој постои 133 години, а ние се трудиме да продолжи најдобро што може“ – вели Аиват Шриваданапраба.

„Клаудио разбира. Тој исто така е тажен, но рече дека му е јасно дека резултатите во фудбалот секогаш се на прво место. Ние сакаме клубот да го направиме подобар“.

„Доколку го задржевме и испадневме од лигата, после само можевме да си викаме дека ако направевме потег ќе се спасевме, ама нема корист од тоа. Одлучивме, му дадовме отказ и добивме шест бода во следните два натпревари, мислам дека се исплатеше“.

„Ние сакавме да бидеме сигурни дека остануваме во лигата, но неговиот нов метот со промена на тактиката не функционираше“.

„Фудбалерите не разбираа како треба да играат и потребно беше време да се прилагодат, резултатите не беа такви какви што очекувавме и ние и сите во светот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани