Лемар со прекрасен гол го сопна Реал, дали „кралевите“ во 10 дена ќе ја уништат сезоната?

by bojan
1 минути читање

Реал Мадрид одигра само 1-1 против Жирона, Лемар со прекрасен гол ги сопна „кралевите“ и им откина два бода.

Избраниците на Арбелоа ризикуваат во десет дена да си ја уништат сезоната, по поразот од Мајорка, денеска кикснаа и против Жирона, па Барселона може да избега на +9 на табелата во Ла Лига на шест кола до крајот.

Вечерва на „Бернабеу“, Феде Валверде на стартот од вториот дел донесе 1-0, и кога се чинеше дека Реал Мадрид го скрши отпорот на противникот, Лемар прекрасно биеше од врвот на шеснаесетникот за 1-1.

„Кралевите“ не успеаја да се наметнат во продолжението од мечот, па не успеаја да стигнат до втор гол.

Во финишот бараа пенал, Мбапе доби удар во лице, но судијата не досуди ништо, ВАР не се огласи, па бодовите беа поделени.

Сега погледите ќе бидат свртени кон реваншот против Баерн Минхен во Лигата на шампиони, каде ќе бркаат гол негатива од првиот меч.

ФОТО: X/Girona FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×