Поранешниот
фудбалер на Реал Мадрид, Михаел Лаудруп подолг период е вон европскиот фудбал
откако си замина од Премиерлигашот Свонси во 2014. година, тој во интервју за
Марка вели дека во моментов ужива со своето семејство, овој одмор му значи
премногу, а истовремено ги демантираше шпекулациите поврзани со него дека
наводно се понудил на Реал Мадрид, односно одбил понуда од првиот човек на тој
клуб.
„Се чувствувам
дека уживам во животот многу повеќе отколку претходно, не се работи за чекање
некоја богата понуда која не можам да ја одбијам, едноставно во моментов уживам
со моето семејство, ми значи овој одмор“ вели тој и воедно додава дека
шпекулациите поврзани со него пренесени од шпанскиот печат за момент го
вознемириле.
„За момент ме
вознемири тоа што шпанските медиуми го пишуваа за мене изминатиов период, дека
наводно сум се понудил на Реал Мадрид и сум одбил понуда од Флорентино Перез,
тоа не е точно, не разбирам зошто такви шпекулации за мене, разбирам за
ситуацијата, но тоа не беше коректно“ заклучи Данецот кој играше две сезони во дресот на
шпанскиот гигант (1994/96), постигнувајќи 12 погодоци на 61 настапи.