Германскиот
прволигаш Лајпциг јавно се извини откако 20 јапонски фанови беа повлечени од стадионот
за дуелот со Баер Леверкузен во редовното коло од Бундеслигата изминатиов
викенд.
Причините за што
обезбедувањето не ги отстранило навивачите од арената се поради стравувања дека
можат да бидат заразени со коронавирусот, кој го коси целиот свет.
Обезбедувањето
отстранило 20 навивачи од Јапонија откако почнал самиот меч, се вели дека тие
биле отстранети уште во 10. минута од пресметката која се одигра вчера, а
истата заврши со поделба на бодовите помеѓу обете екипи (1-1).
„Ние се обидуваме
да стапиме во контакт со навивачите за да ги поканиме да присуствуваат на
нашиот следен натпревар на домашен терен, за да се обидеме да надоместиме за
инцидентот кој се случи“ се вели во соопштението на Лајпциг, во кое се признава
грешка поради која сега од таму упатуваат јавно извинување за гостите од
Јапонија.
„Како што се
справуваме со коронавирусот, ние ќе продолжиме да работиме на дневна основа со
властите за да се обидеме да дојдеме до најдобрата можна солуција за доброто на
сите наши посетители“ додаваат во соопштението.
Извесен Таичи
Хајашикава се одзва на социјалните мрежи коментирајќи го случајот на стадионот,
тој вели дека му било дозволено да влезе на стадионот без никакви проблеми.

„Вчера, бев на
натпреварот против Баер Леверкузен, влегов на стадионот без проблем, како и да
е, откако мечот стартуваше, обезбедувањето на стадионот ми рече дека сум бил
заразен со КОВИД-19 бидејќи сум Јапонец“ напиша тој, но потоа ја избриша
објавата, која брзо беше регистрирана од повеќе медиуми, а многумина Јапонци на социјалните мрежи го обвинија Бундеслигашот за расизам.