Л’Екип објави: Трансферот на Азар во Реал е завршена работа, ова се деталите!

by
2 минути читање

Белгиецот синоќа
откри дека донел одлука за својата иднина и за ова го известил Челси уште
пред две недели. Тој не кажа каде ќе игра, но меѓу редови навести дека тоа ќе
биде Реал.

Попладнево на
оваа тема се огласи Л’Екип, реномираниот француски весник пренесе дека
трансферот на фудбалерот во Мадрид е завршена работа и давата клуба веќе имаат
постигнато договор.

„Кралевите“ исто
така си подале рака и со играчот. Еден Азар ќе стави потпис на шест годишен договор и ќе се обврзекон Реал до 2025.

Извештајот вели
дека Реал Мадрид зделката официјално ќе ја соопшти по финалето во Лига Европа
кое е на програмата на 29. мај.

Сумата на
трансферот ќе изнесува околу 100 милиони евра, солидна бројка за играч кој има
уште 12 месеци од договорот и одбива да ја продолжи верноста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани