Холандскиот
фудбалски стратег од клупата на Барселона на пресконференцијата во пресрет на
мечот со Јувентус во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите
даде една мошне искрена изјава во однос на ривалите Меси и Роналдо, каде јавно
упати честитки за двајцата неверојатни фудбалери кои го одбележаа денешниот
фудбал.
„Фантастично е
тоа што овие двајца го прават толку долго на едно мошне високо ниво во светот
на фудбалот“ рече Куман.
Барса со провокација до Роналдо во пресрет на дуелот со Јуве (ФОТО)
„Тие се
најдобрите фудбалери, тоа е мое мислење, во последните 10-15 години, а да се
биде толку успешен сиот тој период е неверојатно, тоа е одличен комплимент за
двајцата“ додаде Холанѓанецот.
„Тие се различни,
но имаат една неверојатна статистика околу постигнатите погодоци, хет-трикови,
бројните признанија и награди зад нивната кариера…“ наведе предводникот на
Каталонците кој заклучи дека не е убаво да се посочува кој е подобар од тој
двоец.
„Не е убаво да
кажете кој е подобар бидејќи и двајцата се неверојатни, имам почит кон двајцата
бидејќи тие ни овозможија да проследиме толку убави погодоци, големи титули низ
годините, да се надеваме дека ќе уживаме во нивната игра и утревечер“ заклучи
Куман.