Хулен Лопетеги ја
заврши својата авантура предводејќи го шпанскиот гигант Реал Мадрид од клупата,
а една од ѕвездите на тимот, Тони Крос, смета дека отказот на веќе довчерашниот
тренер е голем пораз.
Извесен период се шпекулираше дека на чело со капитенот на екипата, Серхио Рамос, постои група на фудбалери во Реал Мадрид кои силно го поддржуваат Лопетеги, а веќе има и потврда на претходно наведеното од шпанските медиуми, дека еден од нив бил и Крос.
„Најголемиот
пораз за играчите е кога тренерот треба да си замине. Овој случај е посебен,
бидејќи тој е одличен тренер и одлична особа. Ти благодарам Хулен!“ напиша
германскиот репрезентативец на социјалните мрежи.
class="twitter-tweet" data-lang="en">
Реал Мадрид му
врачи отказ на Лопетеги по само 14 натпревари под негово водство, а чашата се
прели по дебаклот на Камп Ноу, од големиот ривал Барселона со 5-1 во една од
низата очајни изданија на Кралевите кои заостануваат седум бода зад Каталонците
на табелата во Примера.
Привремено
решение за шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид е екс фудбалерот на таа екипа, Сантијаго
Солари, кој доаѓа од „Б“ тимот на Реал Мадрид.