„Сините“ го купија офанзивниот фудбалер уште во јануари, но го оставија на позајмица во Борусија Дортмунд. Сега откако заврши сезоната во Бундеслигата, Кристијан Пулишиќ официјално беше преставен како ново засилување за Челси.
Тој пред десетина дена даде едно интервју во кое не го наброја Еден Азар помеѓу играчите со кои сака да игра следната сезона, изјава која дел од фановите ја сфатија како сигнал дека Белгиецот дефинитивно заминува.
Сепак, Кристијан Пулишиќ сега посочи дека не знае каква е иднината на Еден Азар и додава дека со задоволство сака да игра покрај него.
„Еден е фантастичен играч, сите го знаеме тоа“ – вели репрезентативецот на САД. „Доколку можам да се доближам до неговото ниво, ќе бидам повеќе од среќен. Тој е одличен фудбалер. Но јас доаѓам да бидам сопствен фудбалер и да го понудам најдоброто од себе“.
Запрашан дали го споменал Канте бидејќи има информација дека Азар си оди, тој додаде: „Не. Навистина со нетрпение чекам да играм покрај Канте, затоа и го кажав тоа. Го имам гледано и тој е извонреден играч“.
„Очигледно е дека ќе биде одлично да играм и крај Азар, апсолутно. Тој е фантастичен фудбалер“.