Ливерпул не само
што ќе биде прв за Божиќ туку ќе има и +4 на врвот на табелата. Попладнево, Кристал Палас одигра храбро на
Етихад и стигна до првата победа на гости кај Манчестер Сити во Премиерлигата.
„Граѓаните“ влегоа како огромен фаворит во мечот и поведе со голот на Гундоган
во 27. минута од мечот. Но Шлуп брзо изедначи а Таусенд со прекрасен гол и
волеј од 25. метри донесе водство за Кристал Палас во 35. минута.
На стартот од
вториот дел, Миливојевиќ погоди од пенал и најави сензација. До крајот на
средбата, Манчестер Сити силно притискаше но домаќините успеаја само да намалат
на 2-3. Де Брујне во 85. минута сакаше да центрира, но ненамерно постигна
атрактивен гол.
Уште еден меч
попладнево заврши со изненадувачки резултат откако Лестер со 0-1 славеше на
Стемфорд Бриџ. Варди во 51. минута беше стрелец на погодокот вреден три бода.