Кристал Палас му го нанесе првиот пораз на Ливерпул оваа сезона во Премиерлигата, популарните „орли“ со голот на Нкетиа во 97. минута стигнаа до 2-1, Брајтон исто така приреди изненадување откако со два доцни гола го совлада Челси со 1-3.
Оливер Гласнер очигледно го има рецептот како да се справи со Ливерпул, Кристал Палас по втор пат оваа сезона им ги мати сметките на „црвените“.
По славјето во Комјунити Шилдс, популарните „орли“ попладнево славеа и во Премиерлигата.
Сар рано донесе водство, реализираше за 1-0 во 9. минута, а потоа многу долго се чекаше за следниот гол.
Киеза во 87. минута изедначи на 1-1, но во последните мигови од мечот, Нкетиа во 97. минута погоди за 2-1 и прв пораз на момците на Слот.
🚨🏴 NKETIAH WINS IT IN THE 98TH MINUTE FOR CRYSTAL PALACE !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 27, 2025
Crystal Palace 2-1 Liverpool.pic.twitter.com/KD5sq0Bdkm
Брајтон исто така приреди изненадување и со 1-3 триумфираше на гостувањето на „Стемфорд Бриџ“.
Челси поведе со голот на Фернандез на средината од првиот дел и го имаше натпреварот под контрола се до стартот на второто полувреме кога една лоши вратена топка на Андреј Сантош отвори гол шанса за Гомез, кој беше соборен од Чалоба на врвот од шеснаесетникот.
ВАР реагираше, „сините“ останаа со играч помалку, па Брајтон почна да доминира и да изедначи преку Велбек во 77. минута.
Во 92. минута Де Кујпер донесе целосен пресврт и водство од 1-2, за Велбек во 100. минута да ги реши сите дилеми со својот втор гол.
Манчестер Сити со 5-1 го совлада Барнли, додека пак Лидс и Борнмут одиграа интересни 2-2.
ФОТО: X/Crystal Palace F.C.