Кристал Палас е тимот кој го сопре Арсенал, тимот на Унаи Емери беше блиску до уште една победа, но не дојде до неа.
Резултатот беше отворен пред самиот крај на првиот дел кога Мустафи направи прекршок за пенал, а Миливојевиќ реализираше од белата точка за водство на Кристал Палас од 1-0.
По шест минути игра во вториот дел Џака постигна убав гол од слободен удар за изедначување на 1-1.
Пет минути подоцна Обамејанг даде гол за комплетен пресврт и водство од 2-1. Погодокот беше признаен благодарение на технологијата за гол линија, но ако имаше и ВАР ќе беше поништен бидејќи Лаказет асистираше со рака.
Предноста на Арсенал траеше до 83. минута кога Џака направи пенал, а Миливојевиќ и втор пат реализира од белата точка за конечни 2-2.
Челси немаше проблеми со Барнли, на негов терен го совлада со 4-0. Серијата ја отвори Мората, а реализираа уште Баркли, Вилијан и Лофтус Чик.