Реал Мадрид најверојатно ќе биде значително ослабен на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Килиан Мбапе се врати во Мадрид по престојот во Париз каде имаше дополнителни консултации за проблемот со левото колено. Французинот таму работел со физиотерапевт и кондициски тренер на „кралскиот клуб“, но веќе е јасно дека нема да настапи на првиот дуел со англискиот шампион.
Според информациите на „РМЦ Спорт“, во клубот сметаат дека било какво форсирање на Мбапе во овој момент би било преголем ризик. Дополнителните прегледи во следните денови треба да покажат дали постои шанса напаѓачот да биде подготвен за реваншот во Англија на 17 март.
Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот Алваро Арбелоа за првиот меч најверојатно нема да може да смета ниту на Џуд Белингем, што е дополнителен проблем за Реал Мадрид пред големата пресметка со Манчестер Сити.