88
Денешните натпревари
во Серија А започнаа со кикс на Рома, „волчицата“ со празни раце се враќа од
гостувањето кај Венеција.
Домаќините добро
го започнаа натпреварот и поведоа во 3. минута со голот на Калдара. Рома потоа силно
притисна и во финишот од првиот дел го сврте резултатот во своја корист.
Шомуродов погоди за 1-1 во 43. минута, а во судиското надополнување на првиот
дел, Абрахам реализираше за 1-2.
„Вочлицата“ на
стартот од вториот дел имаше шанси да ја зголеми предноста, а откако тоа не се
случи, Араму од пенал донесе 2-2 во 65. минута.
Десет минути
подоцна следеше нов шок, Окереке избегна една офсајд стапица и го матираше Руи
Патрисио за 3-2 и огромна радост на Венеција.