294
Властите во
Шпанија решија да нема навивачи на дулите Валенсија-Аталанта и Хетафе-Интер. Особено проблематичнисе гостинските фанови, двата клуба доаѓаат од региони во Италија кои
се прилично погодени од коронавирусот.
Одлуката да се
игра пред празни трибини ја соопшти Министерот за здравство, Салвадор Иља, кој
порача дека со ваквите мерки сака да спречи ширење на заразата.
Валенсија треба
да ја пречека Аталанта на „Местаља“ на 10. март, додека пак Хетафе се среќава со
Интер на 19. март на „Алфонсо Перез Муњоз“.
Во моментов нема
најави за забрана за навивачи за дуелите Севиља-Рома во Лига Европа, и
Барселона-Наполи во Лигата на шампиони.