71
Кориере дело Спорт
пишува дека Торино и натаму притиска за 27 годишниот македонски репрезентативец
и член, а воедно и капитен на италијанскиот второлигаш Палермо, Илија
Несторовски.
Според информациите кои
ги пренесува истиот медиум, таргет на Торино се Џампаоло Пацини, како и нашиот
Несторовски, а шефот на стручниот штаб на калчолигашот, Валтер Мацари нема да
пропушти можност да доведе едно од двете претходни имиња.
Сепак, вреди да се
напомене дека Палермо нема намера туку така лесно да се откаже од услугите на
македонскиот напаѓач во кого се гледа спасител за враќање на тимот од Сицилија
во елитното друштво на Италија.
Извор: corrieredellosport.it