Конте во одбрана на Мурињо: Не е се толку едноставно

by
2 минути читање

Жозе Мурињо вчера
даде интервју во кое го критикуваше неговиот претходни Луј ван Гал и лошата
трансфер политика на Холанѓанецот.

„Специјалниот“
истакна дека тој никогаш не би продал играчи како Анхел Ди Марија, Хавиер
Ернандез и Дени Велбек.

Но медиумите
веднаш го искористија ова за да го потсетат Португалецот дека и тој има грешки,
откако ги продаде Кевин Де Брујне и Ромелу Лукаку додека беше менаџер на Челси.

Па на оваа тема
попладнево побараа мислење од Антонио Конте, кој наместо да го критикува Жозе
Мурињо реши да застане во негова одбрана.

„Тешко е
постојано да носите прави одлуки
– вели Италијанецот. „Понекогаш мислите едно а во иднина се случува
нешто сосема друго
.

„Не е се толку
едноставно во фудбалот за секогаш да правите точни проценки на сите играчи
.

„Понекогаш се
случува играч да не игра на потребното ниво една или две сезони, но потоа да
биде фантастичен
.

Кевин Де Брујне и
Ромелку Лукаку никогаш не добија сериозна шанса под водство на Жозе Мурињо, а
откако го напуштија Стемфорд Бриџ прераснаа во топ фудбалери.

Кевин Де Брујне по успешната авантура во Волфзбург
во 2015 се пресели во Манчестер Сити во трансфер вреден преку 50 милиони фунти,
а Ромелу Лукаку во Евертон се промовираше како еден од најдобрите напаѓачи во
Премиерлигата и сега се поврзува со враќање во Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани