Конте со насмевка на лицето ќе чека да седне на тренерското столче, издвојува важна битка со Челси и доби 9 милиони фунти!

by
1 минути читање

Италијанецот
силно се поврзува со кормилото на Интер, иако има и гласини кои говорат за
можноста тој да го превзеде Јувентус. Но без разлика која опција ќе ја одбере,
тој со насмевка на лицето ќе чека одново да седне на тренерското столче.

Како што
пренесуваат медиумите од Англија, Антонио Конте ја добил правната битка која ја
водеше со Челси.

Стратегот ги даде
„сините“ на суд откако клубот од Стемфорд Бриџ одби да го обесштети за
предвреме раскинатиот договор и отказот кој му го врачија минатата година.

Челси се правдаше
дека Ангонио Конте прекршил неколку интерни правила, особено со смс пораката
која му ја испратил на Диего Коста и го известил напаѓачот дека треба да си
бара нов клуб. Наводно со овој потег Италијанецот го оневозможил клубот да го
продаде играчот за највисоката можна сума.

Сепак, трибунал од три лица пресудил во корист на Антонио Конте, па сега Челси
треба да му исплати на стратегот 9 милиони фунти, односно последната година од
договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани