Конте го пофали Лукаку, а Икарди го стави во играчите кои веќе заминале

by
1 минути читање

Во одлично издание се покажа Интер на стартот од сезоната, Конте има посебни пофалби за новото засилување, Ромелу Лукаку кој постигна еден од головите.

„Ромелу Лукаку покажа зошто толку напорно се обидувавме да го купиме“ вели Конте.

„Да не заборавиме дека Лукаку чини 65 милиони евра кои ќе бидат плаќани во текот на пет години, па кога луѓето зборуваат за пари треба да знаат дека тој не е толку скап“.

Маури Икарди не беше во составот на Интер. Ванда Нара рече дека нејзиниот сопруг сака да остане во клубот, но Конте го стави во оние кои веќе заминале.

„Да не заборавиме дека заминаа тројца играчи кои беа клучни за Интер минатата сезона, Перишиќ, Наинголан и Икарди. Па трансфер пазарот не беше толку за засилување на составот колку за замена на другите фудбалери“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани