Според
неофицијалните информации кои ги пренесуваат дел од медиумите, се вели дека
Антонио Конте утрово пристигнал во Лондон за да го финализира заминувањето од
Челси за да стане нов тренер на Реал Мадрид.
Тутомеркатоспорт
пишува дека италијанскиот фудбалски стратег е во Лондон за да ги реши сите
бирократски процедури со Премиерлигашот, а потоа на неговиот распоред,
неофицијално, е средба со челниците на Реал Мадрид, и тоа попладнево.
Истиот медиум
тврди дека поранешниот фудбалер на Кралевите, Сантијаго Солари, кој во моментов
го води Б тимот на Реал Мадрид, ќе го води утрешниот тренинг на првата екипа на
гигантот, во случај назначувањето на 49 годишниот Конте не биде навремено
завршено.
Во Шпанија веќе
неколку медиуми пренесоа дека Хулен Лопетеги утрово се збогувал со фудбалерите
на Реал Мадрид, тој подолг период беше под притисок на кормилото на гигантот
кој реди катастрофални резултати, а се чини дека вчерашниот убедлив пораз од
Барселона со 5-1 ја прели чашата во клубот.