Конечно: Потврден датумот на спектаклот „Финалисима“

by Стефан
1 минути читање

Спектаклот меѓу европскиот и јужноамериканскиот шампион, репрезентациите на Шпанија и Аргентина, познат како „Финалисима“, ќе се одигра на 27 март 2026 година, потврди претседателот на Кралската шпанска фудбалска федерација, Рафаел Лузан.

„Сонот наречен Финалисима конечно ќе стане реалност во март“, изјави Лузан во разговор за „Ел Чирингито“, преку социјалната мрежа X.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Лусаил“ во Катар и ќе претставува четврта пресметка од ваков тип во историјата. 5ртТрофејот ќе го брани Аргентина, која во претходното издание во 2022 година убедливо ја совлада Италија со 4-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×