Колку едно засилување од светска класа, Абрамович на бркање тренери потрошил повеќе од 100 милиони евра

by
2 минути читање

Челси оваа недела го загуби спорот со Антонио Конте и на италијанскиот стратег треба да му исплати девет милиони фунти обесштетување.

Откако го презема Челси, Роман Абрамович плати 93 милиони фунти на име обесштетувања на тренери кои предвреме ги избрка. Во евра тоа е 105 милиони евра, а за таа сума Манчестер јунајтед го купи Пол Погба.

Првиот кој доби пари поради отказ во Челси беше Клаудио Раниери во 2004 година, на неговата сметка пристигнаа 6 милиони фунти затоа што предвреме му беше раскинат договорот.

Во 2007 година отказ доби Мурињо, а Челси на Португалецот и на неговиот стручен штаб им исплати 23,1 милиони фунти.

Година подоцна, Аврам Грант доби обесштетување од 5,2 милиони фунти поради отказ.

Добра сума лапна Луис Фелипе Сколари следната сезона, 12,6 милиони фунти.

Карло Анчелоти во мај 2011 година доби 6 милиони фунти.

Андре Вилаш Боаш беше голема надеж на Челси, го викаа новиот Мурињо, но тој потфрли, сепак за отказот си наплати 12 милиони фунти.

Роберто Ди Матео му ја донесе титулата на Челси во Лигата на шампионите, но во следната сезона доби отказ и 10,7 милиони фунти поради тоа.

Рафаел Бенитез не зема обесштетување од Челси.

По него дојде повторно дојде Мурињо, кој беше избркан во 2015 година, со сума од 8,3 милиони фунти.

Како привремен тренер по отказот на Мурињо беше донесен Гус Хидинк, тој си го отслужи своето колку што беше договорено, па Абрамович немаше потреба да плаќа за тренерска промена.

После Хидинк дојде Антонио Конте, кој доби отказ во 2018 година. Тој со Челси имаше судски спор околу висината на сумата која требаше да ја добие за предвремениот раскин на договорот, клубот загуби и ќе треба да плати 9 милиони фунти.

Вкупната сума е 92,9 милиони фунти, или околу 105 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани