Системот Ело, кој најчесто се користи за шах, се обиде да пресмета колку поени се потребни за да се обезбеди пласман во следната фаза во Лигата на шампиони.
Денеска започнува новата сезона во Лигата на шампиони, која во иднина ќе се игра во нов формат.
Наместо групна фаза, ќе има лигашки дел во кој секој клуб ќе одигра 8 натпревари (четири дома и четири во гости).
По крајот на лигашкиот дел, осумте најдобропласирани одат во осминафинале, додека тие што се пласирани од 9-то до 24-то место ќе играат плеј-оф.
Системот Ело, кој најчесто се користи за шах, се обиде да пресметка колку поени се потребни за да се обезбеди пламсна во следната фаза.
Направени се околу 10.000 симулации и за да се освои осмото место, последното кое носи во осминафинале, 43% од симулациите покажале дека се потребни 15 бодови, во 30% од симулациите биле потребни 16 бодови, и во 21% од симулациите биле потребни 14 бодови.
Што се однесува за 24-то место, последното кое носи во плеј-оф, 54% од симулациите покажале дека се потребни 9 бодови, додека пак во 23% од симулациите биле потребни 8 бодови.