Колина смета дека Хрватска оштетена: Тоа не е пенал! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Пеналот досуден за Португалија во победата од 2:1 против Хрватска во нокаут-фазата на Мундијалот е една од главните теми по овој дуел, покрај поништениот гол на Гвардиол во завршницата.

За спорната судиска одлука се огласи и легендарниот арбитар Пјерлуиџи Колина, кој јавно изрази несогласување со покажувањето на белата точка.

„Ова едноставно не е пенал. Шокиран сум од ваквата одлука. Да се досуди најстрога казна за минимален контакт во елиминациска фаза на Светско првенство создава опасен преседан. ВАР треба да служи за исправување на очигледни судиски грешки, а не за пронаоѓање прекршоци кои не постојат“, изјави Колина.

Изјавата на еден од најреномираните судии во историјата дополнително ја разгоре дебатата околу арбитражата на овој дуел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×