88
Ново разочарување
за Барса, „каталонците“ останаа без победа и покрај тоа што на пауза заминаа со
високи 0-3. Ансу Фати погоди за 0-1 по
само пет минути игра, Бускетс зголеми на 0-2 за Депај во 34. минута да донесе 0-3.
Многумина тука
помислија дека победникот е решен, но Селта Виго не се откажа. Домаќините
намалија на 1-3 на стартот од вториот дел, Нолито најави неизвесен финиш во 74.
минута, за Аспас во 96. минута да го шокира противникот и да изедначи на 3-3.
Па наместо нови
три бода на контото, Барса постави негативен рекорд, и за прв пат по 1998
година, не успеа да победи на натпревар на кој имала предност од три гола.