Клоп тргна по засилување од Реал Мадрид

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Островот, се вели дека германскиот стратег од
клупата на Ливерпул, Јирген Клоп пријавил голем интерес во своите редови да го
доведе 21. годишниот фудбалер од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио.

Наводно, тимот од
„Енфилд Роуд“ веќе ја испратил првичната понуда за Асенсио, истата изнесува 43
милиони фунти.

Асенсио сезонава
во Шпанија одигра 23 натпревари на кои постигна 3 погодоци, во голема мера му
помогна на тимот на Зинедин Зидан да стигне до титулата во Примера, притоа доби
прилика и за настап во натпреварите од Лигата на шампионите, каде тимот од
Мадрид го подигна победничкиот пехар откако беше подобар од Јувентус во
финалната пресметка.

Еден од
погодоците на Реал Мадрид во победата од 4-1 над Јувентус беше дело на Асенсио,
кој како џокер влезе од клупата на теренот и уште еднаш ја оправда довербата на
францускиот стратег.

Вкупно, Асенсио
во сите натпреварувања сезонава одигра 38 натпревари притоа постигна 10
погодоци, беше мошне важна алка во тимот, односно во ротацијата која ја
користеше Зинедин Зидан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани