154
Предводникот на
Ливерпул, Јирген Клоп не се штедеше на пофалби за Челси во пресрет на нивната
меѓусебна пресметка со Томас Тухел денеска, но порача никој да не ги заборави
шансите на неговите избраници.
„Се надевам дека
ќе успееме да ги победиме, тоа ќе биде тешка задача секако…“ рече Клоп.
„Успехот секогаш
помага за растење на самодовербата на еден тим, но и ние сме амбициозни, и ние
сакаме да бидеме успешни, дали е можно ние да ја освоиме титулата? Никој не знае,
но сигурно ќе се обидеме“ додаде германскиот фудбалски стратег.
„Ова нема да биде
воопшто лесно, Челси е импресивен“ заклучи Клоп.