Клоп не е загрижен за теренот на Енфилд: Тоа што се случи на Вембли беше лудо, ние немаме такви проблеми

by
1 минути читање

Јирген Клоп се
чини дека не е загрижен за тоа во каква состојба ќе ги пречека теренот на
Енфилд неговите фудбалери за подготовките на тимот во пресрет на дербито со
Арсенал во Лондон претстојнава сабота.

Вчера се одржа
еден од тренинзите на Енфилд за претстојниот рагби меч помеѓу Нов Зеланд и
Англија, кои токму на арената каде настапува Премиерлигашот во недела ќе ја
имаат својата пресметка, па иако со проблеми со катастрофална тревна подлога
веќе се соочија неколку Премиерлигаши, тоа не го загрижува тренерот на
Ливерпул.

Веќе разговарав
со раководното лице задолжено за одржување на теренот на нашиот стадион, од тоа
што го знам тој е во одлична форма, барем така се надевам дека е. Ова го
зборувам посебно ако го видам теренот на Вембли за мечот помеѓу Тотенхем и
Манчестер Сити, на денот на мечот, и ден пред истиот, тоа беше лудо
“ рече Клоп.

Манчестер
јунајтед и Евертон имаа одредени проблеми со теренот на Олд Трафорд за нивната
пресметка во претходно одиграното коло од Премиерлигата, но, теренот во Манчестер
за голема нијанса беше подобар од тоа што се случи со оној на Вембли, кој ги
остави Тотенхем и Манчестер Сити да се „борат“ со топката. Тотенхем иако загуби
минимално во дербито, во самиот финиш од средбата Ламела пропушти огромна
прилика откако сам, непречен од никого ја упати топката на трибинскиот простор
откако истата пред самиот удар отскокна поради лошиот терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани