Ливерпул направи сензационален резултат откако со 4-0 ја победи Барселона и се пласираше во финалето од Лигата на шампионите. Клоп со многу емоции го прокоментира големиот триумф.
„Бевме е*ено добри, неверојатно. Доколку треба да ме казните, казнете ме за овие зборови. Не сум наивен, но немам подобри зборови за да опишам“, вели Клоп.
„Игравме против можеби најдобриот тим во светот. Тешко е да се победи, а да се направи тоа со ваков резултат без примен гол е неверојатно“.
„Го видов Џејмс Милнер плачеше на теренот по мечот. Ова ни значи многу на сите нас. Ова е најдобрата фаза од фудбалот. Има многу важни работи во светот. Но да се создаде вака емоционална атмосфера заедно е навистина посебно. Се е заслуга на фудбалерите“.
„Миксот на потенцијал и неверојатно срце е нешто што не сум го видел претходно. Треба да имате голема самодоверба на вакви натпревари. Дивок и Шакири не играа многу. Но одиграа феноменално вечерва, тоа е важно. Покажаа дека се е возможно во фудбалот. Убаво, навистина убаво“.