Контроверзниот гол на Џуд Белингем против Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство и понатаму е една од главните теми во светската фудбалска јавност.
Иако ФИФА соопшти дека топката не го допрела кабелот на камерата поставена над теренот, голем број фудбалски експерти и поранешни судии продолжија да ја оспоруваат одлуката погодокот на Англија да биде признаен.
Помеѓу оние што критикуваат е и поранешниот судија Марк Клатенбург, кој смета дека спорната ситуација морала детално да биде разгледана преку ВАР.
„Доколку топката го допрела кабелот на камерата, играта мораше веднаш да биде прекината, а натпреварот да продолжи со спуштање на топката. Тоа е јасно пропишано во Правилата на играта. Бидејќи голот беше постигнат во истата напаѓачка акција, ВАР имаше право да интервенира и да ја провери целата ситуација“, изјави Клатенбург во својата анализа за „Фокс спортс“.
Според правилата на ИФАБ, секој контакт на топката со надворешен објект над теренот, вклучително и каблите на системот „спајдер-камера“, налага прекин на играта. Токму поради тоа, бројни аналитичари сметаат дека погодокот на Белингем требало да биде поништен доколку навистина дошло до таков контакт.