Капитенот на
Јувентус, а воедно и Италија, Џорџо Кјелини признава дека играњето во
националниот дрес е нешто повеќе од играњето во клупскиот, поради ‘претставувањето на нацијата’.
Доколку забележи
настап против Португалија, или САД, тој ќе биде само седми во историјата на
италијанската фудбалска репрезентација со учинок од 100 или повеќе настапи за
Аѕурите.
„Ова е голема
чест, ова сон кој го има секое дете, сонувате да играте во Серија А, за
националниот тим, но, да имате 100 настапи, тоа е нешто посебно“ вели Кјелини.
„Секако дека имам
природни квалитети, но толку многу работа беше потребна за да стигнам дотука.
Националниот дрес на Италија е нешто посебно, нешто специјално, не се
идентификувате себе си од клубот каде доаѓате, туку ја претставувате вашата
нација“ заклучи искусниот дефанзивец кој потенцираше дека капитентската лента е
само симбол, тимот имал многу капитено и секој мора да го докаже својот
интегритет за да го пронајде вистинската хемија.