Младата ѕвезда на
италијанскиот првак Јувентус, Моисе Кин откри како се борел во животот во желба да успее во
фудбалот, тој отворено проговори за неговото минато кога силно се борел да го
оствари својот фудбалски сон.
19 годишниот Кин, кој прерасна во првотимец кај Старата дама, но и во најсилниот состав на Италија, не крие дека во очајот да успее со фудбалската топка дури и крадел топки од еден свештеник.
„Еднаш, од толку
што бев очаен да играм фудбал, дури и украдов топка од свештеник“ посочи Кин.
„Израснав во
Асти, близу Торино, Италија. Доколку сакавте да играте во своето соседство,
секогаш можевте да најдете топка во канцеларијата на свештеникот, а тоа беше
близу куќата каде јас живеев“.
„Свештеникот беше
многу добра личност, секогаш ги криеше топките во шкафовите од својата
канцеларија, но, главната работа во тоа е фактот што тој никогаш не ги
заклучуваше топките“
„Секогаш кога ќе
загубев топка, можеби бидејќи сум ја упатил во нечиј двор над оградата, секогаш
ќе влезев кај свештеникот, ќе го почекав кај скалите да си замине и ќе земам
топка од шкафовите каде ги чуваше“
„Кога растете во
Асти, потребно ви е да играте фудбал, постојано, јас играв на асфалтен терен
близу црквата, шест на шест, а секој играч мораше да плати по 10 евра, јас
молев, позајмував, крадев и штедев цела недела за да си го дозволам мојот
настап таму“
„Победничкиот тим
ги земаше сите пари на крајот, се колнам, сите во Асти доаѓаа да играат, деца
со пари, деца без пари, туристи, локални жители, сите… постоеше голема битка
секоја недела“ заврши младиот Италијанец.