Ќерката на сопственикот на Лестер не е меѓу загинатите

by
0 минути читање

Во недостиг на официјални информации медиумите шпекулираа дека заедно со сопственикот на Лестер, Вишаи Шривадханапрабха била и неговата ќерка, но за среќа не е така.

Полицијата во Лестер излезе со соопштение во кое ги откри имињата на петте загинати.

Покрај претседателот на клубот, Вишаи Шривадханапрабха, загинале двајца негови соработници Нурсара Сукнамаи и Кавепорн Пунпаре, пилотот Ерик Свафер и патничката Изабела Розе Лехович.

При падот на хеликоптерот ниту едно други лице кое било надвор од леталото не е повредено.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани