Ривер Плата го
загуби првиот меч со Гремио, и тоа пред своја публика минимално со 0-1, но,
аргентинскиот гигант обезбеди победа на реваншот во Бразил, до која стигна со
пресврт во завршницата од мечот во Порто Алегре.
Најнапред Лео
Гомес во 36. минута ги доведе домаќините во почетно водство од 1-0, а фановите
на бразилската екипа го гледаа во големото финале од Копа Либертадорес, својот
тим, се’ до 82. минута.
Боре донесе
неизвесна завршница со израмнувачкиот гол на осум минути пред истекот на
регуларните 90, а во самиот финиш од средбата се случи и големото разочарување
за домашната публика.
Мартинез, кој
претходно асистираше во израмнувачкиот гол, од пенал во 95. минута успеа да
донесе победа вредна пласман во големото финале од овосезонската Копа
Либертадорес.
Еве како арбитрите го напуштија теренот по одлуката за пенал со помош на ВАР технологијата во самиот финиш на средбата, за големо разочарување на домашните фанови на средбата во Порто Алегре…
Во втората реванш
пресметка од полуфиналето, вечерва по полноќ (01,45) Палмеирас на домашен терен
го пречекува тимот на Бока Јуниорс, во првиот меч аргентинската екипа обезбеди
победа од 2-0, а дали ќе проследиме Суперкласико во големото финале, ќе
дознаеме токму по реваншот во Бразил.