Нејмар во август
2017 се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, но само неколку месеци по
оваа мега зделка почнаа да кружат гласини дека тој жали за трансферот и не е
среќен во ПСЖ.
Реал Мадрид се
посочуваше како негова следна дестинација, а се говореше и дека Бразилецот
сакал да се врати во Барселона и наводно ова во неколку наврати им го кажал на
директори и фудбалери од Камп Ноу со кои се уште е во добар однос.
Но шпанските
власти можат да ги поматат ваквите планови, бараат затворска
казна од четири до шест години за неговиот сомнителен трансфер во Барса во 2013.
Случајот беше
отворен по жалба на компанијата ДИС која поседуваше 40% од соственоста на
Нејмар. Сантош инкасираше 17,1 милион евра од неговиот трансфер, па ДИС доби 6,8 милиони евра од ова
сума. Но проблем е тоа што семејството на Нејмар „лапна“ дури 40 милиони евра а
подоцна беше откриено дека имало и други исплати со кои целата зделка стигна до
повеќе од 83 милиони евра.
ДИС обвини дека
Барса и Нејмар се здружиле за да ја сокријат правата вредност на трансферот со
што им била нанесена штета, па шпанските власти започнаа истрага и да го гонат
играчот за корупција во бизнис и измама.
Сега тие бара
затворска казна од четири до шест години, и со оглед на тоа дека казна е
поголема, случајот ќе го водат тројца судии па ова ќе донесе дополнително
одложување на целиот процес.