По поразот на
домашен терен од Гремио во првата пресметка од 0-1, Ривер Плата со гол во 95.
минута од пенал, досуден по консултации со ВАР технологијата, обезбеди место во
финалето од Копа Либертадорес.
Нешто полесна
задача имаше нивниот голем ривал Бока Јуниорс, најпрво на домашен терен стигна
до победа од 2-0 против Палмеирас, за доцна синоќа да обезбеди реми од 2-2 на
реваншот, со што ќе проследиме Суперкласико во големото финале од ова
натпреварување.
Абиља во 18.
минута ги доведе во водство гостите, но, Палмеирас во само седум минути со
головите на Луан (53’) и
Гомез (60’) стигна до
пресврт, а конечниот исход го постави Бенедето со голот во 70. минута.
class="twitter-tweet" data-lang="en">
Мегапопуларното Суперкласико
дефинитивно ќе биде фудбалски настан број еден во светот за овој месец, првата
пресметка е предвидена да се одигра идната среда, а реваншот три седмици потоа
во ист ден.